Saturday, May 16, 2009

Титов Врв 2009

ТИТОВ ВРВ 30,31.05.2009



Како што е редот по традиционалниот марш ,,Мурато" , секоја година последната недела од месец мај, Планинарскиот Клуб ,,Љуботен" го организира традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина и вториот по височина во Македонија ,,Титов Врв".На овогодинешното 28 по ред искачување на ,,Титов Врв" учествуваше и нашиот клуб со 4 члена.

Тргнувањето од Кочани беше во Саботата во 15 часот.По пристигнувањето на Попова Шапка се сместивме во планинарскиот дом ,,Смрека".Во 18 часот беше отворањето на манифестацијата во хотелот ,,Попова Шапка".Таму беа доделени и благодарници на сите друштва кои зедоа учество, а ги имаше во голем број од цел Балкан и пошироко.Од 20 часот имаше и дружба на планинарите со музика во живо.Од таму се вративме во планинарскиот дом, вечеравме и правец на спиење бидејки требаше да станеме во 5.Како што беше договорено станавме во 5, се спремавме и некаде околу 5:45 тргнавме кон освојување на врвот.Одевме по патеката Церипашино-Антените-Бакардан-Титов Врв, и по околу 4 часа одење бевме на врвот.Времето беше прекрасно и благодарение на него имаше прекрасен поглед од врвот.Северниот дел од Шара, Кораб, Солунска Глава, Пелистер, Рила, Крчин, Паштрик и Проклетије беа пред нас како на дланка.По паузата на врвот сите се упативме назад кон Попова Шапка, но сега со сите планинари по ,,Вакувската Патека".Пристигнавме во домот, си ги спакувавме куферите и правец Кочани. Picture's HERE :)









Monday, May 11, 2009

Меморијален марш ,,Мурато" 08,09,10 .05,2009

На меморијалниот марш ,,Мурато" кој се одржа овој викенд 08,09 и 10 Мај 2009 година, на планината Баба во чест на Димитар Илиевски-Мурато, освојувачот на Монт Еверест учествуваше и нашиот клуб со 15 членови.Тргнувањето беше во 16:30 од градскиот парк.По престигнувањето на Пелистер се сместивме во детското одмаралиште каде имавме резервирано две ноќевања.По сместувањето следуваше вечерата, договорот за утрешното тргнување и краткиот сон се разбира :) Утредента станавме во 6 часот, се спремавме и околу 7 часот започна маршутата од дворот на детското одмаралиште.Од таму преку 7-те кладенц и Палиснопје , после 2 часа стигнавме до Шумската куќа.По краткиот одмор на Шумската ќуќа тргнавме кон врвот и околу 10:45 часот бевме на врвот.На врвот се задржавме околу 2 часа и по истата маршута отидовме во планинарскиот дом ,,Копанки" на ручек.Времето беше прекрасно преку целиот ден.По ручекот се вративме во детското одмаралиште, се забавувавме и изморени од долгиот пат рано си легнавме.Утредента станавме околу 8 часот се спакувавме и повторно се упативме повторно кон планинарскиот дом ,,Копанки" каде што беше организирано полагање цвеќе на споменикот на Димитар Илиевски во дворот на Копанки и кратка комеморација.По комеморација си ги спакувавме куферите и правец Кочани. Како си поминавме ? Суперрррр се разбира :). Слики ОВДЕ

Добредојдовте - Welcome

Од денес 11.05.2009 година почнува да функционира блогот на Планинарскиот алпинистички орентационен клуб ,,Осогово". Овде ќе објавуваме постови и слики за сите наши идни акции.Се надеваме на задоволителна посетеност :):):)