Saturday, May 16, 2009

Титов Врв 2009

ТИТОВ ВРВ 30,31.05.2009



Како што е редот по традиционалниот марш ,,Мурато" , секоја година последната недела од месец мај, Планинарскиот Клуб ,,Љуботен" го организира традиционалното искачување на највисокиот врв на Шар Планина и вториот по височина во Македонија ,,Титов Врв".На овогодинешното 28 по ред искачување на ,,Титов Врв" учествуваше и нашиот клуб со 4 члена.

Тргнувањето од Кочани беше во Саботата во 15 часот.По пристигнувањето на Попова Шапка се сместивме во планинарскиот дом ,,Смрека".Во 18 часот беше отворањето на манифестацијата во хотелот ,,Попова Шапка".Таму беа доделени и благодарници на сите друштва кои зедоа учество, а ги имаше во голем број од цел Балкан и пошироко.Од 20 часот имаше и дружба на планинарите со музика во живо.Од таму се вративме во планинарскиот дом, вечеравме и правец на спиење бидејки требаше да станеме во 5.Како што беше договорено станавме во 5, се спремавме и некаде околу 5:45 тргнавме кон освојување на врвот.Одевме по патеката Церипашино-Антените-Бакардан-Титов Врв, и по околу 4 часа одење бевме на врвот.Времето беше прекрасно и благодарение на него имаше прекрасен поглед од врвот.Северниот дел од Шара, Кораб, Солунска Глава, Пелистер, Рила, Крчин, Паштрик и Проклетије беа пред нас како на дланка.По паузата на врвот сите се упативме назад кон Попова Шапка, но сега со сите планинари по ,,Вакувската Патека".Пристигнавме во домот, си ги спакувавме куферите и правец Кочани. Picture's HERE :)









1 comment: